Sveti Ilija

Собирски текст (2015)

Љубете се еден со друг и ќе ја видите милоста Господова,не поучува Светиот Силуан Атонски.

Блажена е душата што Го возљуби Господа и од Него се научи на смирение. Господ ја љуби смирената душа што цврсто се надева на Бога. Таа секогаш ја чувствува Неговата милост.Ако го љубиме братот со сета сила, и ако ја смируваме својата душа, победата е наша, бидејќи Господ дава најмногу благодат заради љубовта кон братот.

Со љубов за која зборува светителот, ние пред точно две години започнавме добро дело, на Бога угодно, фрескопис во нашата Македонска православна црква Свети Илија од Мисисага, Канада. Фрескописот го започнавме без никаков финансиски фонд, само со љубов кон Бога и преголема желба и грижа за благолепието на овој наш светол Божји дом. Со Божја помош еве денес се наоѓаме точно на една третина од проектот, а тоа преведено во бројки значи дека се фрескописани некаде околу 350 м2. Нека Семилостивиот биде со нас во сите денови од нашиот живот, да ја закрепнува нашата молитва, да не утврдува во верата, да ни го просветлува умот, срцето нека ни го исполнува со љубов и да ни дарува она што навистина ни е потребно.

Нашата црква неможе да се пофали со материјални богатства, но со молитвословија и работа на социјален план. Сите црковни празници, Господови, Богородични и светителски се достојно одбележани, според силите наши. Го молиме Бога и просиме благодат да ни ја зајакнува молитвата. Работа има доста, но не потклекнуваме. Секогаш кога ни недостасува сили се обраќаме кон Бога и навистина чудо се случува, не застануваме, одиме понатаму. Искушенијата се постојано околу нас, но Бог не дозволува да не подведат. Верните при Свети Илија – Мисисага не само што трудољубиво работат за Црквата туку и на многу културни настани и манифестации како што се Карасага, Карабрам, тоа се тродневни фестивали на нациите, ја претставуваат нашата црква и нација. Многу труд се вложува, Бог нека не крепи. Оваа година покрај сите останати напори се трудиме да собереме и средства за комплетно реновирање и опремување на кујната и салата при црквата.Неговото високопреосвештенство митрополитот наш отец Методиј лично го благослови овој подвиг. Нека е Бог со сите кои се трудиме на полето Христово.

Од нас толку за сега, братски и со љубов ве поздравуваме сите во Христа наши браќа и сестри каде и да сте. На домаќините на овогодишниот Црковно народен собир им честитаме за напорната работа, Бог да ја излева Својата благодат врз вас, да ви дарува добрини и ве удостои со небесни награди.

За многу години !

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност Собирски текст (2015)