Sveti Ilija

„Вистински Пост“

Многумина од нас не го разбираме вистинското значене на постот.
Затоа наидовме за потребно да дадеме дополнуване на досегашните ваши знаења.

Секако, ќе бидеме на ваше располагане за понатамошни духовни поуки.

Драги христијани,
“ додека постиме со храна, да се воздрзуваме и од секаква страст“.
Постот има своя внатрешна и надворешна природа. На надворешно ниво, постот вклучува воздржување од храна и пијалоци и без надворешото воздржување, не би можеле да се придржуваме на вистионскиот и потполн пост. Меѓутоа, правилата кои се однесуваат на надворешната страна од постот, односно, храната и пијалоците, никогаш не би можело да се сметаат сами по себе како крајна цел на постот.
Во врска со воздржувањето, би било многу погрешно доколку би говореле исклучиво за овој елемент на слабост и гладување. Воздржувањето води и кон чувствување на леснотија, будност, слобода и радост. Иако во почетокот постот причинува слабост, подоцна ке востановиме дека ни овозможува помалку да спиеме, а да се наспиваме, трезвено да размислуваме и поделотворно да работиме. Во медицината потврдуваат дека практикувањето на постот придонесува и за нашата телесна хигиена. Иако постот предвидува самооткажување, во ниеден случај не бара насилство врз нашето тело,спротивно на тоа, воздржувањето придонесува за телесното здравје и негова ворамнотеженост. Со самото ослободување од телесната бременост нашите тела се подготвени да бидат сотрудници во молитвата, бденијата и одговарањата на повикот од Светиот Дух. Во контекст надворешната природа на постот треба да разбереме дека постот не е само воздржување или апстиненција од определена храна, туку е ограничен и бројот на оброците или количината на храна која ја конзумираме. Впрочем тоа е потврдено и разграничено од Светата Православна Црква. Потврда за ова наоѓаме и во житијата на Светите отци кои не поучуваат дека никогаш не треба потполно да го заситиме нашиот организам, како кога би станале од трпезата со чувство дека би мозеле уште да јадеме и во тој случај би биле подготвени за молитва.
Е сега, внатрешната природа на постот. Постот никако не смее да се разбере како диета или начин на исхрана. Вистинскиот пост подразбира промена на срцето наше и вољата, враќање кон Бога и доаѓање дома, како што тоа го направи и блудниот син враќајки се во татковиот дом. Според зборовите на Светиот Јован Златоуст “ постот не е само воздржување од храна туку и воздржување од гревови“. „Не треба само да постиме со устата“ вели Светиот Јован Златоуст, туку треба да постат и окото и увото и рацете и нозете и останатите делови од телото. Окото треба да се воздржува од недолични погледи, увото од злобни гласини, рацете од неправедни дела. “ Не јадете месо, а ги проголтувате вашите браќа“, приметува Светито Василиј Велики.
Ова внатрешно значение на постот е многу суштнски изразено во тријадата, пост, молитва и милостина. Во Светото Евангелие е кажано дека демонот бил истеран не само со пост, туку со пост и молитва. ( Мт. 17, 21). И во Стариот и во Новиот Завет постот сам по себе не бил цел, туку припрема за поживотворна и поделотворна молитва. Тој претставува припрема или претходница за многу важни одлуки или за директна средба со Бога. Така, 40 дневниот пост на нашиот Спасител, беше непосредна претходница или припрема за Неговото јавно служење. Постот и молитвата треба да бидат пропратени со милостиња, со љубов кон ближните свои која се манифестира во практичен облик, со дела сострадални и проштевања.
Знаејки ја Божјата заповед, нека ваквото знаење за постот биде наш начин на живот според зборовите Спасителови, да го нахраниме гладниот, да го напоиме жедниот,
необлечените да ги облечеме, патниците да ги примиме, затворениците и болните да ги посетиме. Тогаш Спасителот на сите луѓе ке рече, дојдете благословени од мојот Отец, да го примите Царството кое е приготвено за вас.

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност Вистински Пост