Sveti Ilija

Прашања и одговори во врска со постот

Се наоѓаме во период на Воскресенскиот пост, а по тој повод верните имаат доста неразјаснети проблематики околу и за постот,

па со нивна согласност најдовме за потребно да ги поделиме со сите вас и одговорите на некои од прашањата, со надеж дека ќе бидат душеполезни.

Прашање :
Отец благословете,
Големиот Велигденски пост е во тек, а јас се подзаборавив па не почнав на време. Јас сакам да постам, но незнам што треба да направам, дали да го прескокнам овој велигденски пост и да го чекам наредниот или пак како да се вклучам повторно во истиот?
Одговор:
Бог да благослови,
Постот е во тек, влеговме во втората недела. Доколку сте почнале пододцна, или пак сте почнале на време, но сте конзумирале нешто што не е разрешено за во овој период па се прашувате што понатаму дали да го продолжите постот. Еве еден секојдневен пример кој ќе послужи како одговор на прашањето. Доколку истиот тој ден излеговте од дома па заради невнимателност сте се сопнале и паднале, дали би останале целиот тој ден да лежите на истото тоа место или би станале и би го продолжиле патот со зголемена внимателност да не се сопнете повторно. Доколку сте возеле брзо и полицијата ве казнила, дали повеќе никогаш нема да седнете во автомобил или велосипед? Постот е како што знаете доброволно одерекување од мрсна храна во одреден ден или на подолг период заради зајакнување на молитвите и вежбање на својата волја. Значи постот не е сам по себе цел, туку е средство за духовно усовршување. Грешките, намерно или ненамерно, за прописот на постот, не се причина за да се прекине постот, туку поголем стремеж кон постот да се пристапи со поголемо внимание, како средство кое и демони прогонува ( Мт. 17, 21) Постот не е само во конзумирање посна храна ( која е од растително потекло ) и стриктно внимание да не се употреби ништо што е од животинско потекло. Постот велат светителите, не е спасоносен доколку само телото пости. Во богочовечкиот, евангелски пост, учествува целиот човек, телото пости и душата пости. Свети Јован Златоуст не учи вака и вели: Правиот пост кој се состои во воздржување од секаков грев и правење добри дела, треба да го практикуваме и кога ќе помине времето предвидено за телесен пост, односно целиот живот.
Ете драг брату, сега кога знаеш која е целта на постот, ќе знаеш и како да се однесуваш кон телесниот пост. Значи ако се згрешиш во текот на постот или се најдеш во ситуација, не прекинувај го туку продолжи со постот.
Нека е благословен и за душата полезен и овој Велигденски пост,
Со братски поздрав,
Отец Константин

Прашање:
Отец благословете,
Моето постаро дете има 7 години. Колку дена е потребно да пости пред светата причест и дали тоа треба да биде пост на вода, или треба да го испости целиот пост за да би се причестил? Истотака , детето оди на училиште каде што има оброци во рамките на училишната програма па сум загрижена како ќе изгледа сето тоа.
Одговор:
Бог да благослови
драга сестро,
Децата најнапред треба да постат од онаа возраст кога тие можат да ја разберат разликата помеѓу посната и мрсната храна, тогаш кога ќе бидат во можност да ја разберат потребата од постот и зошто треба да постиме. Ако во домот се постат сите постови, среда и петок, тогаш детето едноставно ќе се вклучи во семејното мени, се подразбира со одредена доза на олеснување на постот во согласност со потребната исхрана на децата, но во консултации со својот парохиски свештеник. Кога ќе почне да оди на училиште тогаш и за него ќе важат Христовите зборови: “ јадете она што ќе ви се принесе” ( Лк. 10,8 ) Детето во семејството ќе се вклопи во посната трпеза онака како што е најдобро и неопходно за неговото развивање.
Што се однесува до постењето пред причест и тука треба да се обрне многу внимание на детската можност за разбирање на самиот пост, да не му се наметнува, бидејќи тоа сеуште не е свесно зошто треба да постиме. Во секој случај на децата да не се наметнува пост на вода, туку поблаг пост на масло и во време траење кое детето ќе го прифати со постојано родителско објаснување. Таквиот пост може да биде од три до шест дена, а режимот на постот најдобро ќе го пропише мајката.
Божјиот благослов на вас и на семејството,
Отец Константин

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност Прашања и одговори во врска со постот